Информативна служба
Српске Православне Цркве
24. мај 2003. године

ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
Бр. на протокол 71, од 24.05.2003

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Светиот Собор на помесната Србска православна Црква, на своето редовно пролетно заседание во зградата на Патријаршијата во Белград, покрај останатите работи од важност за таа помесна Црква, расправаше и за животот и дејноста на Охридската архиепископија, со цел на истата да й се овозможи потполно автономно да се управува.

Соборот го прифати и го стави во сила, решението бр. 125 од 07.08.1990год. донесено од Светиот Синод на Македонската православна Црква, а со кое му се забранува на Митрополитот полошко – кумановски г. Кирил, да врши свештенодејства. Таа одлука е сеуште во важност и во МПЦ и до денес не е повлечена.

Поткрепени од благодатта на Светот Дух кој раководи со Соборот, а со цел да се конституира Синод на автономната Охридска архиепископија, кој ќе биде признат од сите помесни Цркви во светот, после неуспешниот обид уште за времетраењето на овој Собор да дојде до воспоставуање на литургиско и канонско единство со МПЦ, Светиот Собор, на предлог на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот велески и повардарски и егзарх охридски г. Јован, од клирот на Неговата епархија, избра два нови викарни епископи, игуменот Јоаким (Јовчевски) од Скопје, со титула велички, кого веднаш го избра и за администратор на полошко – кумановската епархија, на местото на суспендираниот Митрополит Кирил, и јероѓаконот Марко (Кимев), од Штип со титула Дремвицки.

Со крајна снисходливост и братољубивост, Соборот одлучи да се даде рок на архијереите на Македонската православна Црква, до први септември 2003 год. да го прифатат Нишкиот договор од мај 2002год. и да стапат во литургиско и канонско единство со Пеќската патријаршија, а преку неа и со целата православна икумена. Во колку не, ќе бидат превземени сите канонски мерки.

Соборот констатира дека со изборот и со хиротонијата на новите епископи, ќе бидат исполнети сите услови за конституирање на Светиот Синод на автономната Охридска архиепископија, а со тоа и условот за доделување на Томос за автономна Црква.

Сите одлуки кои се однесуваа на Охридската архиепископија, беа донесени во духот на православната еклисиологија, вековниот канонски поредок на Црквата Божја и братската љубов, со голем респект за националните чувства на македонскиот народ и државата Македонија, чија посебност и суверенитет овој Собор до крај ги почитува.

Од канцеларијата на Охридската архиепископија