Информативна служба
Српске Православне Цркве
15. јул 2003. године

ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
СВЕТА МИТРОПОЛИЈА ВЕЛЕШКА И ПОВАРДАРСКА
Протокол бр. 91 од 14.07.2003

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Најновите постапки на расколничката организација во Р. Македонија, која себе си се нарекува Македонска Православна Црква, се под очекувањата и на најголемите оптимисти дека помеђу членовите на Синодот на таа расколничка организација ће има барем минимум пастирска одговорност, архијерејска храброст и христијанска совест. Наместо да го остават душепогубниот раскол, да сватат дека се во крајно падната состојба, дека се во схизма и со Бога и со сите други Православни Цркви и во таква схизма го водат народот, тие продолжуваат да ги затвораат сите порти кои водат кон Царството Божјо, и тоа не само себе си, туку им ги затвораат и на оние кои успеале да ги прелажат и да ги одведат во раскол.

На 09 јули закажале судење на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот велески и повардарски и ехзарх патријархов за сите епархии на Охридската архиепископија. Не е толку значајно тоа што целата процедура на судење е потполно неканонска, што нивниот т.н. суд нема доволен број на епископи за да судат (суделе само 6 епископи, зашто еден бил отсутен, а според 12 правило од Картагинскиот собор неопходно е да има 12), што суделе без претходно да му врачат обвинение на оного кого го суделе, без да го повикаат да се брани, колку тоа дека донеле одлука, како е пренесено од медиумите, конечна и без право на жалба. Ниту римското, ниту црковното и канонското право не познаваат судења без да се даде можност обвинетиот да се брани. Тоа било можно само во турско, кога Кадијата те тужи и Кадијата те суди. Но, токму тоа е главната карактеристика на расколот. Тој се затвора во себе и по законите на паднатата природа се гуши во сопствениот здив.

Крајно, не е толку битно ниту тоа што т.н. суд не му дал на Митрополитот Јован право на апологија, нити право на апелација до поширок Собор, како што впрочем Црквата со векови практикува, зашто Митрополитот Јован не би се ни јавил на суд кај расколници, колку што е потресен фактот, дека тие луђе кои седеле и го суделе Митрополитот Јован немаат нималку црковна свест и совест за тоа дека се во раскол со целиот православен свет, дека се болни од схизма која во колку на време не се излечи, редовно поминува во ерес, а судат и расчинуваат канонски епископ, кој е во општење со сите помесни Цркви. Според 6-тиот канон од II Вселенски Собор, расколниците и еретиците на можат да покренат тужба против канонски епископ.

Не само што одлуката за расчинување на Митрополитот Јован неможе да биде прифатена од ниту една Православна Црква, зашто ниту една одлука донесена од расколничката организација во Македонија, ниту до сега не била прифатена од Православните помесни Цркви, туку таа одлука нема ништо да промени ниту на територијата на Р. Македонија. Митрополитот Јован и досега беше нарекуван: расчинет, развластен, детронизиран, предавник, шпиун, и којзнае уште како не, но бидејћи сите се тие лаги, не е чудо што и после оваа најновата, дека тој бил сврстен во редот на мирјаните и треба да се именува по неговото световно име, никој не обрнува внимание на тоа.

Изборот да се остане во раскол со сите праовславни Цркви има големи последици врз битието на целиот народ кој живее во Р. Македонија. Расколот е потенцијална схизофренија и создава поделби и раздор. Истовремено, тој е губење на благодата Божја и не само што е душепогубен, туку тој е несрећен и стерилен. Не дава плодови ниту во црковното, ниту во националното битие на народот.

Затоа е потребно сите духовно образовани личности кои се упатени во верата, да се соберат под благословот на канонски признатата јерархија на Охридската архиепископија и да примат дел од одговорноста во нејзиното конституирање. Со други зборови да постанат жешки во верата, зашто ако останат млаки Господ ће ги исплука (Откр. 3,16).

Од Канцеларијата на Охридската ехзархија