Информативна служба СООПШТЕНИЕ ОД На есенското заседание на Соборот на Српската Православна Црква, кој започна на 18.11.2003 год., Охридската архиепископија беше застапувана од егзархот на Неговата светост патријархот српски Господин Павле, за сите области на Охридската архиепископија, Митрополитот велески и повардарски г. Јован. Покрај останатите теми за кои расправаше Соборот, а кои се од значење за Српската Православна Црква се расправаше за бруталниот, нечовечки и нецивилизиран однос на кој е подложен Митрополитот г. Јован од страна на полицијата и судот во Р.Македонија. Тој, само затоа што сака својот верен народ да го доведе во единство со целата Православна Црква, бидува гонет, малтретиран, понижуван и конечно осуден на затворска казна. Со своите одлуки, судските власти во Р. Македонија покажуваат дека таа е земја во која не им се на сите граѓани подеднакво загарантирани верските права. Упорно од страна на властите се штити една расколничка организација, непризната од ниту една Црква во светот, а за сметка на тоа се ускратуваат верските права на сите оние кои не сакаат да бидат членови на истата. Соборот донесе одлука да се испрати протест до Владата и до Судскиот совет на Р.Македонија за тоа што во Македонија сеуште се вршат политички судења, дека верските слободи се ускратени и дека покрај тоа што уставно Црквата е оддвоена од државата, државата се меша во внатрешните односи на Црквата. Исто така донесе одлука со која го смета нишавно судењето на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Јован од страна на расколничкиот Синод во Р. Македонија, не само затоа што е воден по една потполно неканонска процедура, туку пред се затоа што расколниците немаат право да судат. Донесени се и други одлуки од интерес за охридската архиепископија во духот и поредокот на православната Црква. |